Судот во Стразбур ѝ наложи на Македонија да исплати надомест на Роми малтретирани од страна на полицијата
Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) пресуди во корист на двајца тужители, Роми, застапувани од страна на Европскиот центар за права на Ромите (ЕЦПР), кои биле малтретирани додека биле малолетни, од страна на полицијата во Скопје, во 2014 година.
Како што соопшти ЕЦПР, судот пресудил врз основа на недостатоци во истрагата, но не судел за нечовечкиот и деградирачки третман, со кој се соочиле тужителите (член 3 од Конвенцијата), ниту поради дејствијата на јавниот обвинител или на полициските службеници кои биле дискриминирачки (член 14 од Конвенцијата).
-Судот ѝ наложи на македонската Влада на Ромите, кои се сега на возраст од дваесет и три и деветнаесет години, да им исплати износ од по 7.500 евра, соопшти ЕЦПР.
Според претседателот на ЕЦПР, Ѓорѓе Јовановиќ, вознемирувачки е да се види дека правдата за овие деца очигледно не може да се добие во Македонија.
-Познато нѝ е дека овој вид на расистичко насилство се случува постојано, но правосудниот систем, полицијата, јавниот обвинител во оваа држава се така институционално расистички, што, дури и кога деца се апсени и претепувани од страна на расистички полицајци, институциите не можат ниту да спроведат успешна истрага против нивните сопствени службеници. Ромите треба да бараат потпора од судот во Стразбур за со цел да добијат каква било правда, вели Јовановиќ.
Од ЕЦПР информираат дека инцидентот се случил на 19 мај 2014 година, кога тужителите Роми биле на возраст од шестнаесет и тринаесет години.
-Полициските службеници, припадници на Скопската единица „Алфи”, барале двајца силеџии, кои биле пријавени дека нападнале и ограбиле дваесет годишна жена во близината, кои биле опишани како мажи со темен тен, на возраст помеѓу шестнаесет и осумнаесет години. Полициска патрола ги воочила двајцата малолетници, веднаш ги нападнала на улица, а потоа шеснаесет годишникот го однеле во полициски притвор, каде наводно било тепано неколку часови. Кога во полициската станица Центар дошол неговиот татко, на момчето му било кажано „најди ја чантата или ќе те убијам пред татко ти.” Под закана момчето потпишало признание за кражба на чанта од дваесетгодишна девојка. Тринаесет годишното момче изјавило дека полициските службеници му удирале шлаканици и викале по улицата „вие Циганите лажете и крадете!”, се наведува во соопштението од ЕЦПР.
По инцидентот, полицискиот инспекторат негирал било каков наводен престап сторен од страна на службениците, изјавувајќи дека полициските службеници не ги пречекориле своите овластувања.
Ново на Сител
-
Четири килограми марихуана и амфетамин пронајдени кај 27 годишник во Драчево | ВИДЕО
-
Подигнати 75 кубни метри отпад од диви депонии во скопските општини Чаир и Кисела Вода
-
Влада: Инвестициски бум, 6 нови странски инвестиции за 6 месеци и 2000 нови работни места
-
Борусија Дортмунд неколку месеци без Шуле
-
Наполи еден месец без Кварацхелија
-
Зеленски му рекол на Трамп во Париз дека бара безбедносни гаранции за да се стави крај на војната
-
Груби и Беџети на црната листа на САД, судството и политичарите бараат истрага и решавање на случајот
-
Трамп вели дека решавањето на украинската криза е негов главен приоритет