ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев се опасност број еден за здравјето на граѓаните
Венко Филипче и Зоран Заев се опасност број еден за здравјето на граѓаните. Во последното деноноќие починаа 13 лица, а рекорни 1.275 лица се заразени. Македонија со Филипче и Заев е црн рекордер во регионот и пошироко по број на заразени, со 12.762 активни случаи и 1.084 починати од корона вирисот. Тие не се обична бројка која Филипче како статистичар ќе ја објави. Тоа се нечии родители, деца, браќа, сестри, роднини или пријатели.
Додека граѓаните умираат од корона вирусот, министрите се тестираат бесплатно и приоритетно и добиваат екстра терапии за кои обичните смртници може само да сонуваат. Во реалноста граѓаните со денови чекаат за тестирање, човек
починал чекајќи брза помош цел ден, друг човек во Кичево добивал инфузија во дворот на болницата, секој ден слушаме за апели на пациенти од државните болници кои бараат да бидат хоспитализирани, а болниците се преполни, хронични и акутни болни не можат да добијат здравствена заштита и нега.
Филипче ќе остане запишан со црни букви во македонското здравство. Филипче покажува апсолутна неспособност да менаџира со кризата и невидена ароганција кон јавноста.
Веќе не е една или две, туку 1.084 причини за оставка на Филипче.
Ново на Сител
-
Одмазнички напади на Иран врз Израел, во Тел Авив повредени неколку лица | ВИДЕО
-
Новиот командант на иранската Револуционерна гарда се закани: „Портите на пеколот“ ќе се отворат за Израел
-
Трамп: САД не беа предупредени, но беа свесни дека Израел планира да го нападне Иран
-
Состанокот на Мешовитата историско-образовна комисија заврши без резултат
-
Нетанјаху денеска ќе разговара со Трамп, Путин и Стармер по нападот врз Иран
-
Единствениот преживеан од падот на авион во Индија: Не можев да поверувам дека сум жив
-
Во монтажен контејнер во Претор пронајден починат Американец
-
ИДФ тврди дека значително е оштетен објектот за збогатување ураниум во Натанц