Општина Куманово со нов концепт за пречек на Новата година

Општина Куманово годинава првпат нема да организира пречек на Новата Година. Причина за тоа, како што информираат од Одделението за култура, е недоволната заинтересираност и посетеност на кумановци на Градскиот плоштад на новогодишната ноќ во изминатите девет години.
Наместо настап на пеачи и групи од Македонија и балканските држави како што тоа беше традиција изминативе години, годинава општината ќе одвои околу 120.000 денари за целодневна претпразнична манифестација која ќе се одржи на 30 декември на градскиот плоштад.
- Новогодишниот хепенинг ќе трае осум-девет часа и ќе биде поделен на три дела, рече Цоки Ристовски, раководител на Одделението за култура од општина Куманово.
Објасни дека причината за менувањето на коцептот на прославата на новогодишната ноќ е недоволната посетеност на граѓаните за новогодишната прослава.- Пеачите и групите имаат повисока цена за настап на новогодишна ноќ ,а посетеноста се движеше од 500 до 1000 луѓе кои кратко се задржуваа ,а Општината одвојуваше поголема сума средства. Граѓаните и самите бараа нов концепт на прослава на новогодишната ноќ, изјави Ристовски
Новогодишниот хепенинг ќе започне во 11 часот со детска програма со доаѓање на Дедо Мраз на градскиот плоштад кој ќе подели пакетчиња за најмладите, ќе настапат детскиот и младинскиот хор, балетски и танцови студија, по што ќе следи настап на забавна музика, настапи на рок и хеви метал бендови од Куманово и Македонија, а за крај е предвиден настап на пејачи на народна и фолк музика.
Во изминативе девет години на градскиот плоштад во Куманово настапија голем број на пеачи и групи од Македонија и од балканските држави.
Ново на Сител
-

Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година
-

Сали: Правосудниот испит и сите испити поврзани со него во иднина ќе се полагаат и на албански јазик
-

Владата: Институциите активно работат на изнаоѓање решенија што ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците
-

Сиљановска-Давкова: ЕУ останува наш приоритет, не бараме привилегии, туку доследна примена на европското право
-

Поскапи горива од полноќ
-

Даночно затајување од 7,4 милиони денари, кривична за двајца управители
-

Романо: Мурињо и Реал се договорија
-

Парада на гордоста под слоганот „Сите нека знаат“ на 20 јуни во Скопје
