Македонија
1. November 2020 - 20:00

Мртва жена пронајдена во опожарена зграда во Гостивар

Жена пронајдена мртва во опожарена зграда во Гостивар.

Според пријавеното, вчера во 07.05 часот во СВР Тетово, Т.А.(38) од Гостивар пријавил дека во зграда на ул. “Илинденска,, во Гостивар, во која што е управител, во текот на ноќта настанал пожар во стан при што внатре била пронајдена мртва З.А.(65) од Гостивар, а како последица на опожарувањето.

Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и екипа од Полициска станица Гостивар.