Напаѓачот во Квебек го извршил злосторството поради лични причини

Полицијата во Квебек соопшти дека уапсениот осомничен кој уби две лица и рани пет лица во напад со нож дека првичните резултати од истрагата покажуваат дека злосторството е извршено од лични причини, а не од било која друга причина.
Млад човек облечен во средновековна облека и вооружен со меч уби две лица и рани петмина во неделата вечерта во центарот на Квебек. Набрзо беше уапсен.
„На крајот од потрагата во стариот дел на градот, уапсивме маж на дваесетгодишна возраст во еден часот по полноќ по локално време“, изјави за медиумите Етиен Дојон, портпарол на полицијата.
„Според наше прво сознание, осомничениот го стори тоа од лични причини, а не од која било друга причина“, се вели во полицискиот твит.
Мажот е официјално идентификуван, но полицијата не го објави неговиот идентитет ниту откри дали тој бил претходно познат на нивните служби.
Ново на Сител
-

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
-

Израелскиот Национален совет за безбедност повика на зголемена будност во странство
-

Повторно блокади на граничните премини Евзони и Ники
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Санкционирани 104 непрописно паркирани возила во Центар за една недела
-

Колумбија: Најмалку 16 матуранти загинаа во пад на автобус во клисура длабока 80 метри
-

Најстудено утрово во скопски Петровец и Берово -6 степени
-

Запленета брендирана стока и разновиден алат, две лица приведени | ФОТО
