„Билка“ бара легализација на канабисот за рекреативна употреба
Секој граѓанин може легално да одгледува максимум 3 стебла канабис за рекреативни цели и легално да користи најмногу 50 грама марихуана, да се формира агенција за регулирање на канабисот, а неопходен е и институт во рамките на факултетот за земјоделство - ова се барањата на здружението „Билка“ за употребата на канабисот во земјава.
Активистите бараат и докторите вработени во приватните болници, да можат да препишуваат лекови, како колегите вработени во јавното здравство.
Од здружението тврдат и дека иако 57 фирми имаат лиценци за производство на канабис, само една или две фирми остваруваат профит.
За овие отворени прашања, активистите побарале и средба со премиерот, министерот за здравство и првиот човек на Министерството за правда, но како што велат, одговор до сега не добиле. Разговарале само со неколку пратеници.
Законот за контрола на опојни дроги и психотопни супстанци од 2016 година, влезе во собраниска процедура, потоа беше вратен на дообработка во Министерството за здравство, а сега повторно е пред пратениците.
Инаку денеска и утре се оддржува првиот македонски канабис форум.
-
Елена Милошевска
Сите содржини од овој новинар