Германија со дневен рекорд од речиси 15.000 новозаболени од Ковид-19
Германија во изминатите 24 часа потврди 14.964 новозаразени случаи со коронавирус, соопшти Институтот за контрола на болести „Роберт Кох“, што претставува најголем дневен пораст во земјата од почетокот на пандемијата.
Германската канцеларка Ангела Меркел бара состанок со премиерите на 16 германски покраини за затворање на рестораните и кафулињата, почнувајќи од 4 ноември.
Тоа ќе биде последен во низата обиди да се спречи ширењето на коронавирусот, меѓутоа планот е училиштата и градинките да останат отворени.
Меркел бара да се затворат фитнес центрите, коцкарниците и кино салите, како и театрите, операта и да забрани концерти, но продавниците да останат отворени, доколку одржуваат хигиена, како и да се ограничи бројот на присутни луѓе во затворена просторија.
Федералната Влада сака да им овозможи финансиска поддршка на компаниите кои ќе бидат на удар поради затворањата, додавајќи дека оваа програма ќе и биде презентирана на јавноста денеска попладне.
Оние што нема да ги почитуваат мерките ќе бидат казнети, но се уште не се познати деталите за санкционирање.
Ново на Сител
-
Штипјанка пронашла делови од човечко тело за кои претпоставува дека се на нејзината мајка
-
Почина маж по пад од дрво, приведена неговата невенчана сопруга
-
АА: Братството со Србија го откри вистинското лице на оваа Влада
-
Ердоган: Нетанјаху ќе биде запрен како Хитлер
-
Царинската управа ќе работи на воспоставување на нов граничен премин Клепало
-
Музиката може да поттикне побрз раст и развој на растенијата
-
Јаневска: До крајот на мандатот услови за едносменска настава во сите училишта и ангажирање на 3000 вишок наставници
-
Фудбалски тим од третата грчка лига останал без опремата додека со траект патувал од Крит за Атина