Уапсени поранешни српски војници поради убиство на 78 цивили во БиХ
Двајца поранешни припадници на војската на босанските Срби се уапсени денеска од полицијата по налог на Судот на БиХ, поради сомнеж дека учествувале во убиство на над 70 цивили од подрачјето на општина Кључ во 1992 година.
Тие се под истрага поради сомнеж дека на 1 јуни 1992 година учествувале во нападот врз селото Велагиќи, при што била заробена поголема група цивили, однесени пред зградата на основното училиште во селото, барале да се постројат и потоа пукале во нив.
Брутално биле убиени најмалку 78 цивили, чии тела потоа биле пренесени со камиони и закопани во масовна гробница, која е откриена и ексхумирана во 1996 година.
Двајцата уапсени се товарат дека извршиле кривично дело злосторство против човештвото.
Општината Кључ била под окупација на српски паравоени единици до септември 1995 година, кога е ослободена при заедничките акции кои ги спровеле Армијата на БиХ, ХВО и хрватската војска.
Ново на Сител
-

Македонија со 17 кикбоксери на Светскиот куп во Италија – над 2400 борци од 46 држави
-

Перез донесе одлука за нов тренер на „кралскиот клуб“
-

Младиот тенисер Алексовски со победничкиот пехар во Солун
-

Алушовски: Барселона во фокусот, а Вардар во мислите
-

Уапсен гевгеличанец, возел со 2,35 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода
-

Мурињо за исклучување со Порто: Не сакав да ја шутнам топката кон нивната клупа, но мојата техника не е совршена
-

Чави го обвини Лапорта за неуспешниот трансфер на Меси во Барселона во 2022 година
-

Цените на горивата кај нас, и по поскапувањето, меѓу најниските во регионот и Европа
