Косово разгледува нови мерки против Ковид-19, не е исклучено затворање на границите
Министерот за здравство на Косово Арменд Земај изјави дека надлежните власти во државата ги разгледуваат сите опции за соочување со новиот бран на пандемијата на Ковид-19, вклучително и враќањето на порестриктивните мерки кои беа во сила во одреден период од соочувањето со заразата, јави дописникот на МИА од Приштина.
Меѓутоа, рече тој, се зависи од проценката на епидемиолошката ситуација од страна на надлежните институции.
– Мерките како што е затворањето на границите, враќањето на здравствениот персонал на граничните премини, ограничувањето на бројот на учесници на разни манифестации, ограничувањето на движењето во областите кои се најпогодени, како и некои други мерки, се разгледуваат и ќе се постапува согласно проценката на епидемиолошката ситуација во земјата, посочи Земај.
Целосното затворање на земјата, според првиот човек на косовското здравство, „сепак останува како последна опција“.
– Државата и граѓаните не заслужуваат да се вратиме таму каде што бевме пред шест месеци поради несовесното однесување на одредено малцинство. Она што се очекува и што бездруго треба да се случи е надлежните органи да бидат ригорозни кога е во прашање спроведувањето на законот и на одлуките на Владата во однос на справувањето на пандемијата. Веднаш ќе преземеме ограничувачки мерки во секоја ситуација каде што ќе констатираме пораст на бројот на случаи, што се чини дека се случува, истакна Земај.
Тој рече дека, паралелно со евентуалните нови мерки, ќе продолжи и спроведувањето на оние кои се моментно во сила.
– Косовската полиција, надлежните инспекторати, но и самата заедница треба да ги спроведуваат мерките, да не дозволат да се соочиме со критична ситуација која го поставува во тешка ситуација здравствениот систем, ги оптоварува капацитети и создава проблеми и во економски и во социјален аспект за нашата држава и нашето општество, истакна Земај.
Во Косово досега се евидентирани околу 18.000 заразени од новиот коронавирус, од кои 666 починале, а над 51.000 се излекувани, така што бројката на актуелни носители на вирусот моментно изнесува нешто под 2,2 илјади. Последните десетина дена се извршуваат по околу илјада тестирања, од кои како заразени резултирааат меѓу 150 и 200 случаи дневно. Во просек, дневно има по еден до двај смртни случаи на пациенти заразени од Ковид-19, а има денови кога, според официјалните податоци, нема ниту една жртва.
Ново на Сител
-

Рубио: Иран моли за договор
-

Град Скопје: Нови 60 садници во Градскиот парк - ги санираме последиците од невремето
-

Утре пороен дожд, грмежи и ветер
-

Општина Струмица ги повикува граѓаните да ги пријават штетите од невремето за да се обезбеди соодветна поддршка
-

Вардар поразен на домашен терен од Рига
-

Со даночно затајување управител и правно лице го оштетиле Буџетот за 8.070.791 денари
-

Средба Лавров - Рубио на маргините на Самитот на АСЕАН во Манила
-

Одбележани 14 години од големиот пожар над Струмица во кој загинаа четири лица
