ЛШ: Европскиот шампион започна ударно против Атлетико, Лукаку го спаси Интер на „Меаца“
Европскиот шампион Баерн Минхен го победи Атлетико Мадрид со 4: 0 во натпревар од групата „А“ во Лигата на шампионите на „Алијанц Арена“.
„Јорганџиите“ тргнаа смело на мечот, но момците на Ханси Флик создадоа поопасни ситуации и демонстрираа ефикасност.
Никлас Зуле ја погоди гредата, а пред истекувањето на половина час игра, Кингсли Коман ја затресе мрежата на тимот од Мадрид. Непосредно пред паузата, Французинот запиша асистенција за Леон Горецка.
Веднаш по паузата, голот на Жоао Феликс беше поништен поради офсајд, а во средината на второто полувреме Баварците упатија уште два тешки удари, откако реализираа на двапати во рок од шест минути преку Толисо и Коман.
Така, Баерн ја предводи групата во која Салцбург и Локомотив Москва одиграа нерешено 2: 2 порано денес.

Интер и Борусија Менхенгладбах пак приредија шоу – 2: 2, во натпревар од групата „Б“.
Натпреварот на „Меаца“ заврши многу драматично, а за сите 90 минути Германците упатија само два удари, што се покажаа како голови. Тие беа дело на Рами Бензебаин, кој погоди од пенал за 1:1 по нешто повеќе од еден час игра и на Јонас Хофман. Тој погоди во 85-та минута и голот беше признат и покрај интервенцијата на ВАР.
Пред тоа, Ромелу Лукаку ги доведе „нероазурите“ во водство, а во 90-тата минута белгиската ѕвезда го спаси Интер од пораз.
Во поредокот, двата тима имаат по 1 бод, лидер е Шахтјор Доњецк со 3 бода, Реал Мадрид е се уште со нула, откако претходно денес загуби со 2:3 од „рударите“ во Мадрид.
Следната недела Италијанците ја посетуваат Украина, а Шпанците играат во Германија.
Резултати од прво коло на ЛШ:
Група „А“:
Салцбург – Локомотив Москва 2:2
Баерн Минхен – Атлетико Мадрид 4:0
Група „Б“:
Реал Мадрид – Шахтјар Доњецк 2:3
Интер – Борусија Менхенгладбах 2:2
Група „Ц“:
Манчестер Сити – Порто 3:1
Олимпијакос – Марсеј 1:0
Група „Д“:
Ајакс – Ливерпул 0:1
Митиланд – Аталанта 0:4
Ново на Сител
-

Уапсен 28-годишен кумановец баран за издржување затворска казна од 3 години
-

До петок облачно со повремен дожд, а на планините снег
-

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев сакале да ја преземат болницата „Жан Митрев“
-

Кошта: ЕУ и Индија отвораат ново поглавје во трговијата, безбедноста и врските меѓу луѓето (ДПЛ)
-

Мисајловски: Годинава пристигнуваат сите 42 борбени возила „Страјкер“ за Армијата набавени од САД
-

Невремето затвори 242 училишта во Северна Ирска, главните патишта блокирани
-

Уапсен возач од кратовско, возел со 3,19 промили алкохол во организмот и излетал од патот
-

Петмина кандидати за државен јавен обвинител, се чека на евентуални пријави по пошта
