Најстрашните хорори кои најмногу го креваат пулсот на гледачите
Експертите за мерење од платформата „GIGACalculator“ пресметаа кои филмови најмногу го зголемуваат срцевиот ритам на гледачите, а на прво место беше хоророт од 2018-та година „Hereditary“, кој многумина веќе го нарекоа еден од најстрашните на сите времиња.
На 150 луѓе им беа дадени низа хорор филмови кои мораа да ги гледаат за прв пат, носејќи бројач на срцето за да го следи нивниот пулс. Филмовите што им беа прикажани беа избрани по истражувањето спроведено над 2.500 луѓе, кои ги именуваа според нив 10-те најстрашни хорор филмови на сите времиња.
Најстрашниот филм се покажа дека е „Hereditary“, при чие гледање срцевиот ритам на оние што го гледале во просек бил 115 – значителен скок од просек од 60-100 отчукувања во минута.
Подолу можете да ги видите најстрашните 10 филмови според тоа истражување.
– Постојат низа причини зошто уживаме да гледаме хорор филм. Прво, тоа е форма на забава. Нашата желба да бараме сензации и да избегнеме досада нè вовлекува во вид на филм каде што може да се случи нешто морничаво во секој момент – вели психологот Ли Чемберс.
– Тука е и разбирањето за границите на сопствените емоции, во удобноста на сопствениот дом или кино. Можеби сте преплашени, но сепак безбедни. Можете дури и да се скриете зад каучот ако е премногу страшно. Ова активирање на емоционалната регулација е моќно и ни овозможува да ги тестираме стравот и вознемиреноста во контролирана средина – додаде тој.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата