ВМРО-ДПМНЕ: Власта ја задолжува Македонија, а нема никаков план за развој
Заев граѓаните ги доведе до питачки стап, Македонија влезе во категорија на високо задолжени земји
Заев без срам и перде говори за сиромаштија, а тој ја осиромаши Република Македонија.
Зоран Заев граѓаните ги доведе до питачки стап.
Над 40.000 граѓани останаа без своите работни места во ек на пандемија.
Над 500.000 граѓани се на раб на егзистенција, живеат со 50-тина денари на ден.
Во ек на пандемија кога државите ги намалуваат даноците, Зоран Заев се дрзна и преку Бислимоски ја покачи цената на струјата за 7.4%.
Поради Зоран Заев и неговата неспособна влада Македонија официјално ги прекрши Мастришките критериуми. Јавниот долг е 60.3% и земјата е влезена во категоријата на високо задолжени држави.
Власта ја задолжува Македонија, а нема никаков план за развој. Со новиот ребаланс кој е во Собрание се крати од капитални инвестиции и проекти, и не се вложува во здравство и образование во ек на пандемијата.
Македонските граѓани од СДСМ единствено добија сиромаштија.
Ново на Сител
-
Скопјанец силувал 15-годишен штитеник од установа за згрижување деца
-
„Пики блајндерс“ ќе добие и филм и нови епизоди
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека до еден час
-
Англија ќе им забрани на трансродовите лица да учествуваат во женскиот фудбал
-
Опожарена барака на улица „Самоилова“ во Скопје
-
Нов повик за субвенциониран студентски оброк, проширен е опсегот на мерката
-
Мицкоски: Трудот е темелот на секоја напредна држава
-
ЦУК: Пробиштипјанец кој беше пријавен за исчезнат пронајден починат