УЈП: За враќање на целиот износ на данокот, фискалните треба да се скенираат во рок од три дена
Корисниците на апликацијата МојДДВ, за фискалните сметки издадени денеска, утре и задутре, за вкупниот промет до 30.000 денари по лице, остварен од македонски производи и услуги, како и компјутерска опрема, со нивното скенирање ќе може да го вратат целосниот износ на пресметаниот ДДВ за тие производи во фискалните сметки, соопштија од Управата за јавни приходи.
За враќање на целиот износ на данокот, како што се посочува, граѓаните треба да ги скенираат фискалните сметки во рок од три дена по нивното издавање, а доколку ги скенираат по истекот на овој рок, враќањето на ДДВ за овие производи ќе продолжи како досега, односно ќе се пресметува со 20 отсто од платениот ДДВ во фискалната сметка исто така и надминатиот износ од вкупниот промет ќе се пресметува согласно редовната пресметка односно 20 отсто.
Враќањето на целосниот износ на ДДВ ќе се изврши во рок од 15 дена од денот на скенираните сметки, додаваат од Управата за јавни приходи.
Ново на Сител
-
Отповикана судската расправа за случајот „Геријатрија”
-
Спречен обид за шверц на 27,5 килограми тутун за наргиле
-
Комисија на ОН: Израел врши геноцид
-
Деца во двор на градинка во Центар пронашле наркомански шприц, ја скршиле иглата и се играле со него
-
Изгаснат пожарот кај Пинтија, интервенирале осум противпожарни возила
-
ДЗС: Изгаснат пожарот во депонијата „Дрисла“ што избувна синоќа
-
Можна смртна казна за убиецот на Чарли Кирк
-
ИДФ: Над 350 илјади Палестинци евакуирани од градот Газа