Филипче: Апелирам на одговорност - носете заштитни маски, одржувајте физичка дистанца и хигиена
Министерството за здравство повторно упатува апел до сите граѓани да бидат одговорни и совесни - да ги почитуваат мерките за заштита од ширење на ковид-19.
Носењето на заштитна маска, одржувањето на физичко растојание од два метри и честото миење на раце - одржување хигиена се клучни во борбата со коронавирусот. Ова се единствените мерки кои можат да го спречат ширењето на вирусот. Ова се мерки со кои се заштитува сопственото здравје, но и здравјето на сите околу нас - најблиските, родителите, пријателите.
За потсетување, вчера, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на прес-конференција изјави дека согласно епидемиолошката слика и анализите на Институтот за јавно здравје и Комисијата за заразни болести, донесена е одлука за препорака до Владата на Република Македонија за нови мерки со цел спречување на понатамошно ширење на ковид вирусот.
„Состојбата со вирусот е многу сериозна, токму онака како што со месеци најавувавме дека може да се случи. Европа и светот постепено се затвораат со силни рестриктивни мерки кои е очигледно дека не може да ги избегне ниту една земја. Како ќе се развива состојбата кај нас, во која насока ќе се движиме, колку брзо ќе го стабилизираме и овој удар зависи само од една работа, а тоа е однесувањето на граѓаните и почитувањето на сите мерки и препораки кои се на сила. Потребно е одговорно и совесно однесување за да превенираме пренатрупување на болниците, тоа не смееме да го дозволиме. Воопшто не е тешко и комплицирано да се следат основните правила за заштита. Сега веќе не верувам дека има човек којшто точно не знае како да се заштити себе и другите, сега е само прашање на волја и да се придонесе во битката со вирусот, личната заштита и заштита на сите граѓани.“ – потенцираше Филипче.
Ново на Сител
-
Без вода дел од стар Аеродром
-
МВР: Нормализиран протокот на граничните премини, не е точно дека е вратен стариот систем на контрола на ГП Блаце
-
Трамп објави царини од 30 отсто за Мексико и Европската Унија
-
Мицкоски за можна вмешаност на функционер од ДУИ во пожарите: Aко се потврди вина, ќе биде проблем за некои!
-
Битолчанец фрлил експлозивна направа на улица, оштетил седум автомобили
-
Автомобил без контрола се движел кон полицајци, дрвокрадци рипнале од него во движење
-
Припадникот на АРМ бил убиен бидејќи неговата ќерка одбила да се мажи со лицето кое пукало
-
OJO бара притвор за напаѓачот на Арсовска