Македонија на чекор до историски пласман на ЕП
Македонската фудбалска репрезентација е на една победа од историски успех, пласман на Европското првенство во 2021 година, откако на арената „Тоше Проески“ во интересен натпревар со 2:1 го победи Косово, во меч со многу грешки, чудни голови, но и два поништени голови за Македонија.
Сега, „четата“ на Игор Ангеловски го очекува тешко гостување во Тбилиси кај Грузија на 12 ноември, а победникот ќе добие шанса да игра за првпат во својата историја на едно големо фудбалско натпреварување, фудбалски сон на Македонија од своето осамостојување.
Мечот со Косово можеби не беше најквалитетните 90 минути на македонската репрезентација, но возбудувања не недостасуваа.
Македонија дојде во водство во 16. минута, кога по еден непрецизен удар на Стефан Ристовски, топката удри во нозете на косовскиот дефанзивец, Бенјамин Кољоли и заврши во голот. Во 28. минута, Косово успеа да израмни по навистина лоша реакција на голманот Столе Димитриевски и дефанзивецот Дарко Велковски, кога ја подарија топката на противниците на работ на шестнаесетникот, а Флорант Хадерѓонај од огромна далечина ја смести топката во мрежата.
Меѓутоа, Велковски бргу успеа да врати – во 33. минута, по одличното нафрлање од Енис Барди од слободен удар, тој беше највисок во скокот и го совлада Аријанет Мурич.
Во второто полувреме, имавме многу повеќе шанси да го зголемиме водството. Во 54. минута, Аријан Адеми му асистираше на Пандев, кој го совлада голманот, но судијата досуди офсајд откако Барди му додаде на Адеми во недозволена позиција. Потоа, следуваа две одлични шанси на Пандев и Несторовски, кои голманот Мурич ги одбрани.
Во 66. минута, повторно гол, но повторно поништување – Барди наместо да шутира сам му додава на Адеми за гол, кој не беше признаен. Во 70. минута, Македонија можеше да добие и пенал, кога Ваљон Бериша играше со рака .
Ново на Сител
-
Почнува судењето на францускиот хирург обвинет за силување на стотици деца под анестезија
-
Четврти ден се трага по Миле Тодоров од Неготино
-
Намален бројот на работници во индустријата
-
Историски максимум на цената на кафето арабика на берзите
-
МОН: Јаневска на самит во Будимпешта, ќе се продлабочува соработката помеѓу Западен Балкан и Унгарија
-
Георгиев: Годинава нема заедничко чествување на Гоце Делчев
-
Околу 600 вработени во централата на УСАИД во Вашингтон добија забрана за влез во Агенцијата откако Маск најави нејзино затворање
-
Во средните училишта се спроведува проект за популаризација на воената професија