Нема нови случаи на заразени со коронавирус во штипските градинки
Нема нови случаи на заразени во штипските градинки, информираат директорите на овие установи„Астибо“ и на „Вера Циривири-Трена“. Категорично ги отфрлаат лажните вести и шпекулации дека во нивните градинки има и други заразени меѓу вработените.
Директорката на градинката „Астибо“, Билјана Трајчевска вели дека ниту една од вработените, ниту пак од децата имаат симптоми, се следи состојбата во сите објекти на градинката.
– Протоколите и заштитните мерки на Министерството за труд и социјална политика, доколку доследно се почитуваат не дозволуваат да се рашири коронавирусот меѓу вработените и децата од останатите групи. Ја следиме состојбата со изолираните деца и двете вработени, кои по 14 дена изолација ќе можат да се вратат во градинката, вели Трајчевска.
Во објектот на градинката „Вера Циривири-Трена“ во населбата Ново Село извршена е дезинфекција, откако вчера е потврден вирусот кај негувателка, па од денеска во изолација се и нејзината колешка воспитувачка и 12 деца.
Ново на Сител
-
Стабилно снабдувањето со јајца на домашниот пазар пред велигденските празници
-
Утрово во Албанија регистриран земјотрес со јачина од 3,2 степени
-
Ѓоковиќ обезбеди четвртфинале во Мајами
-
Русија и Украина договорија прекин на огнот во Црното Море
-
Николоски: Започнуваме борба против административната мафија
-
Македонија одигра нерешено со Велс
-
На Факултетот за музичка уметност ќе се одржи комеморација за Сара Пројковска
-
Без струја делови од Аеродром, Карпош и Кисела Вода