Нова Каледонија на референдум за независност од Франција
Граѓаните на Нова Каледонија, прекуморска територија на Франција, излегоа на референдум за да одлучат дали се за независност од Франција.
Утрово беа отворени 304 избирачки места на вториот референдум за самоопределување, со што би ги прекинале врските воспоставени уште кон средината на 19 век.
Речиси 180.000 гласачи треба да одговорат на прашањето дали сакаат Нова Каледонија „да добие целосен суверенитет и да стане независна“.
„Денес не е како било кој друг ден. Секој е на нозе од раните утрински часови затоа што сака да гласа“, изјави за АП граѓанин на Нова Каледонија.
На тој архипелаг, оддалечен 18.000 километри од Париз, првиот референдум се одржа на 4 ноември 2018 година, а приврзаниците за останување дел од Франција победија со 56,7 проценти од гласовите.
Нова Каледонија стана француска територија во 1853 година и првично беше казнена колонија. Оттогаш, независноста е цел на домородното население Канак, кое сочинува околу 40 проценти од населението. Тие во минатото биле подложени на сериозна полициска сегрегација и дискриминација.
Европејците сочинуваат 27 проценти од населението во Нова Каледонија, која располага со големи резерви на никел.
Ново на Сител
-
Анчелоти може да добие отказ ако Реал Мадрид не се пласира во осминафиналето од ЛШ
-
Поради магла намалена видливост до 100 метри во Кочани, Страцин, Битола и Плетвар
-
Нетанјаху: Израел нема да го спроведе примирјето во Газа додека не добие список од 33 заложници
-
Извршени претреси во Скопје, уапсени дилери на дрога и оружје
-
И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете - измамена 76-годишна скопјанка за 130 илјади денари
-
Полициски службеник земал 50 евра поткуп, пронајдени пари и документација
-
Уапсен Раде Трајковски-Штекли
-
Синер без проблеми до четвртото коло на Австралија Опен