Македонија
19. December 2015 - 19:20

Стручна едукативна работилница во Заводот за кардивоскуларни заболувања во Охрид

„Заболувања на периферни артерии, предизвици и третман“ беше темата на едукативната рабптилница со меѓународно учество што синоќа се одржа во рамки на ЈЗУ „Завод за превенција и лекување на кардиоваскуларни заболувања Свети Стефан” од Охрид.

На работилницата учествуваа еминентни имиња од областа на интервентната кардиологија во земјата и регионот, кои вршеа демонстрации на интервенции врз пациенти, презентираа искуства стекнати во работата со пациенти во самиот Завод, но и во слични установи од Србија и Словенија.

Интервенциите во рамки на едукативната работилница беа изведувани на две локации во самата болница, а текот на интервенциите преку видео-врска можеше да се следат во конгреската сала на Заводот, овозможувајќи им на учесниците на работилницата да комуницираат меѓусебно, да поставуваат прашања или да даваат сугестии кон докторите во интервентната сала.

Две од интервенциите изведе лекарскиот тим Никола Бакрачески заедно со Ара Угуроглу, додека една интервенција спроведе доктор Дејан Манчески. Во рамки на панел-дискусиите на работилницата свои предавања одржаа докторите Ара Угруоглу, Славчо Тошев и Винко Боц, како и радиологот Ѕвонко Атанасов. Свои презентации за конкретни случаи од работното искуство покрај гостите имаа и докторите Дејан Манчески и Стојан Митрески од Заводот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид.