Европа под силен удар на новиот бран на корона вирусот – рекордни бројки во Шпанија и Франција

Најавениот есенски бран на корона вирусот почна да зема замав. Европските земји бележат рекордни бројки на нови случаи. Во текот на вчерашниот ден Франција регистрираше над 13.000 нови случаи што е трета најлоша бројка за оваа земја откако почна кризата, имајќи предвид дека првите две се регистрирани исто така оваа недела.
Апсолутен рекорд во бројот на нови од почетокот на кризата вчера забележа и Шпанија. Таму за 24 часа се заразиле близу 11.300 нови пациенти а дури 130 починале.
Во регионот и натаму најлоша е состојбата во Црна Гора. Таму од вчера има 290 нови слуачи и 5 починати.
Грција која има над 15 пати повеќе жители од Црна Гора вчера запишала 358 нови случаи и петмина починати.
Најголема смртност вчера е регистрирана во Босна и Херцеговина каде починале дури 12 лица а 344 се впишани како ново заразени.
Најдобри бројки има Србија каде се заразиле само 81 лице а еден пациент починал.
Во Македонија вчера се регистрирани 185 нови случаи што е деветтиот најлош резултат за земјава откако почна корона кризата. Со последните случаи, вкупниот број на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата надмина 17.000 , а бројката на пациенти кои Министерството за здравство ги заведува како оздравени е 14186. Вкупно починале 710 лица, а 2153 се уште се водат како активни случаи.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-

САД и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, канадскиот премиер најави контра царини за Вашингтон
-

Вирусот Западен Нил се шири низ Европа, најмногу случаи во Италија и Грција
-

Шеснаесет маратонци денеска ќе пливаат на 39. Охридски пливачки маратон
-

Одбележување на 25-годишнината од формирањето на ЕБР
-

Сончево и многу топло
-

Метеоролозите предвидуваат „невиден“ Ел Нињо, 2027 ќе биде најтоплата година досега
-

„Секоја капка за Преспа“ со Андреа Соколовски | Неформално | Sitel Podcast 147
-

Иран предупреди дека ќе одговори „силно и разорно“ на новите закани од САД
