Франк де Бур е нов селектор на Холандија
Франк де Бур е назначен за нов селектор на Холандија. 50-годишниот тренер го заменува Роналд Куман, кој минатиот месец ја презеде Барселона и потпиша двегодишен договор до Светското првенство во Катар во 2022 година.
Де Бур, кој исто така беше дел од каталонскиот гигант, ги освои како тренер рекордните четири последователни титули во Ередивизи со Ајакс во периодот од 2011-2014 година. Но, три престои надвор од неговата родна Холандија се покажаа неуспешни за поранешниот репрезентативец. Тој беше отпуштен од Интер по само 85 дена на функцијата во 2016 година, а следната година остана во Кристал Палас десет недели.
Неговата последна тренерска работа беше во Атланта Јунајтед во фудбалскиот шампион во МЛС лигата, каде го водеше клубот до успех за Купот пред да замине во јули по 18-месечен престој. Де Бур брзо ќе ја заземе својата нова позиција како тренер на „лалињата“ на пријателскиот натпревар против Мексико на 7 октомври и два натпревари во Лигата на нации на почетокот на следниот месец.
Холанѓаните ги пречекуваат Мексиканците во Амстердам на 7 октомври, пред да отпатуваат во Босна и Херцеговина на 11 октомври и Италија три дена подоцна.
Ново на Сител
-

Koшта: Проширувањето на ЕУ служи за зајакнување на Европа, како отпорна економска сила и сила за мир
-

Измамници ја користат видео играта GTA VI за да крадат пари и податоци од гејмерите
-

Побаран притвор за охриѓанецот кој ја претепа својата девојка - се товари за три кривични дела
-

Мицкоски со осуда за нападот врз девојката во Охрид: Ќе сториме сè сторителот да одговара пред правдата
-

Попладнево повторно приведен Корабоски – нови околности во случајот
-

Чеферин гостин на Омерагиќ, заедно ќе го следат дуелот Македонија – Словенија
-

МФ: Јавниот долг во 2027, во согласност со ревидираните податоци за БДП, нема да го надмине прагот од 60%
-

Родителите со две ќерки се најсреќни, покажува научна студија на речиси 50.000 луѓе
