Усвоена Предлог-одлуката за составот на собраниските комисии
Собраниската Комисија за прашања на изборите и менувањата денеска ја усвои Предлог – одлукатс за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија.
За усвојување на одлуката гласаа и пратениците од опозицијата, кои претходно имаа забелешка дека Комисијата не може да дава предлози за персонален состав на другите собраниски комисии бидејќи, како што посочија, Собранието претходно на парламентарна седница не донело одлука за нивно основање и за дефинирање на надлежностите. Заради оваа забелешка беше побарана едночасовна седница по која Комисијата продолжи со работа и ја усвои одлуката.
Пратеникот Никола Мицески од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека не гласале за утврдувањето на дневниот ред во делот на седницата пред паузата поради тоа што бил прекршен Деловникот за работа, но потенцира дека имало постигнат консензус за составот на сите собраниски комисии помежу сите пратенички групи во Собранието.
Претходно денеска на брифинг со новинарите претседателот на Собранието Талат Џафери најави дека за понеделник напладне ќе закаже седница на која на дневен ред ќе биде избор на составот на работните тела на Парламентот, а потоа верификација на мандат на пратеник на местото на министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.
Џафери на брифингот со новинари кажа дека на оваа седница нема можност за други точки на дневен ред бидејќи материјалите треба да поминат на комисии.
На оваа седница Комисијата донесе решенија за остварување плата по престанок на функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија, за 44 поранешни пратеници, како и решенија за остварување на плата по престанок на функцијата член на Владата на Република Северна Македонија и на други избрани/именувани лица од Собранието на Република Северна Македонија и за едно остварување на отпремнина при заминување во пензија.
Ново на Сител
-
Средба на министерот Муцунски со комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос
-
Почина Инес, јагуарот од скопската ЗОО
-
247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење
-
Тошковски: МВР ќе постапува против секој за кој постојат докази дека сторил кривично дело
-
Вучиќ верува дека следната недела ќе биде избрана новата влада во Србија
-
Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино