Бизнис
9. September 2020 - 21:31

Кој е виновен за смртните случаи предизвикани од аерозагадувањето?

Проблемот со загадувањето на воздухот е комплексен и не се решава преку ноќ, велат од Министерството за животна средина откако вчера Европската агенција за животна средина објави дека Македонија и земјите во регионот регистрирале најмногу смртни случаи во Европа ппред се поради аерозагадувањето. Според извештајот во земјава има по 120 смртни случаи на секои 100 илјади жители. Од Министерството пак велат дека од 2005 до 2019 година концентрацијата на ПМ 10 честичките бележи пад.

Овој проблем не се решава преку ноќ и не се решава само со затварање на индустриски капацитет или само со воведување на посебен режим во сообраќајот, туку бара интензивна, систематска и планска соработка на сите сектори и на сите нивоа во еден подолг временски период, од минатата година ова прашање е подигната на ниво на Влада. Намалување на аерозагадувањето влезе во стратешките приоритети на Владата и за првпат од државниот буџетот се  издвоија посебни средства за преземање на мерки за намалување на аерозагадувањето во висина од околу 15 милиони евра.

- Се изработи Програмата за намалување на аерозагадувањето и План за чист воздух, со што се предвидоа и преземаа конкретни мерки кои во зацртаниот период и се израеализирани. Мерките се насочени кон справување со детектираните извори на загадувањето: домашно затоплување, транспортот, индустријата, градежништвото и отпадот. Имплементацијата на овие бара сериозни зафати и и време, се вели во дописот од Министерството за животна средина.

Од инспекторатот за животна средина не успеавме да добиеме одговор колку загадувачи биле откриени и казнети. Одговор не добивме ниту од градоначалникот Шилегов какви мерки ќе преземе градот за Скопје повторно да не се најде на врвот на листата на најзагадени градови во светот како што беше случајот со минатата зима.

Според извештајот полоши бројки на смртност од Македонија има во Латвија, Црна Гора, Унгарија, Бугарија, Романија, БИХ, а најлоша е Албанија каде има и по 170 смртни случаи на 100 илјади жители. Скандинавските земји бележат најмал број смртни случаи под 40. Најчесто болести предизвикани од загадувањето се канцерот, кардиоваскуларните заболувања, белодробните, срцевите заболувања, астма и други болести.