Русија и Кина работат на заедничка вакцина против Ковид-19
Кинеската фармацевтска компанија Кансино Билоџикс (CanSino Biologics) и руската Петровакс Фарм (Petrovax Pharm) ја започнаа третата фаза на клинички испитувања на вакцина против коронавирус, објави утрово Глобал Тајмс.
Тестовите во моментов се спроведуваат на руска територија. „Двете компании добија дозвола од руското Министерство за здравство да ја тестираат ефикасноста на вакцината Ad5-nCoV“, се вели во официјалното соопштение на „Кансино Билоџикс“.
Тестирањата во Русија ќе завршат до крајот на септември, а резултатите ќе бидат објавени пред зимата. Вакцината се очекува да биде тестирана на 40.000 волонтери, но само дел од нив се руски државјани.
Управата на „Кансино Билоџикс, исто така, ги истражува можностите за соработка со Мексико, Пакистан и Саудиска Арабија.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Чунинг вчера на брифинг изјави дека кинеските фармацевтски компании развиле девет вакцини за коронавирус кои се во клинички испитувања и наскоро ќе бидат достапни за сите земји.
Ново на Сител
-
Финансиска полиција со кривична пријава за едно физичко и едно правно лице, осомничен за неплаќање ДДВ
-
Земјотрес со јачина од 5,1 степен на грчкиот остров Лезбос
-
Зеленски бара европски мировници за обезбедување траен мир
-
Бројот на жртви во пожарите во Лос Анџелес се искачи на 28
-
Најстудено во Битола -4 степени, најмногу снег на Попова Шапка
-
Франција издаде нов налог за апсење на Башар Асад поради извршени воени злосторства
-
Поради дефект без вода корисниците од плоштадот Македонија до Македонска пошта и ул. Орце Николов
-
Намалена видливост поради магла на планинските премини Ѓавато и Пресека