Едно лице е убиено за време на улични судири во Портланд
Едно лице е убиено со огнено оружје за време на судирите што избувнаа синоќа на улиците на американскиот град Портланд меѓу приврзаниците на американскиот претседател Доналд Трамп и демонстрантите од движењето „Црните животи се важни“.
Судирите и физичките пресметки меѓу демонстрантите и приврзаниците на Трамп, кои се движеа во колона од околу 600 возила, се случија во центарот на градот, а сè уште не е јасно дали убиството е директно поврзано со тоа.
Според еден фоторепортер, на самото место се слушнале три истрели од огнено оружје непосредно пред убиството, а потоа биле видени припадници на полициската медицинска служба како згрижуваат ранет човек, кој не изгледал како афроамериканец.
Човекот, според фоторепортерот, носел капа со ознаки на десничарска организација чии членови во минатото во неколку наврати се судрија со демонстрантите во Портланд.
Локалната полиција соопшти дека по пристигнувањето на медицинскиот тим, утврдено е дека човекот, кој бил ранет во градите, починал.
Секојдневните протести во Портланд, предизвикани од убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис, траат повеќе од три месеци.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка