Прв уписен рок за студенти бруцоши на УКЛО-Битола
Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола денеска го реализира првиот уписен рок за студенти бруцоши. За студирање во прва година на сите универзитетски единици огласени се 2 697 слободни места, а од нив 1 450 се за редовни студенти кои ќе студираат во рамки на државната квота, 790 места се за категоријата редовни студенти со школарина во студиите, а 457 места се за вонредни студенти.
Според јавниот конкурс на УКЛО-Битола, најмногу слободни места за упис се понудени на Технички факултет-Битола каде на осум насоки може да се запишат 420 студенти, ФИКТ-Битола годинава ќе запише 370, а Факултетот за туризам и угостителство во Охрид огласи 324 слободни места за упис.
Во новата академска година, во прва година на Економскиот факултет во Прилеп ќе може да студираат 248 студенти, на Технолошко-техничкиот факултет во Велес, исто така членка на УКЛО, има можност за студирање на 75 студенти, а Факултетот за безбедност во Скопје може да запише 350 студенти.
Денеска, во понеделник и во вторник пријави за студирање во прва година ќе се примаат и на Правен факултет, каде може да се запишат 220 студенти во трите категории за студирање, на Факултетот за биотехнички науки има 150 места, Ветеринарен факултет објави 45 слободни места, Педагошки факултет објави 215, додека Високата медицинска школа во новата академска година може да запише 280 студенти бруцоши.
Ново на Сител
-
Протест во Атина за железничката несреќа - хартиени фенери во спомен на загинатите
-
Здраво слабеење преку факти - Едно тело, илјада избори | Александар Дренковски | Sitel Podcast 084
-
Мерц најави договор за собирање стотици милијарди евра за одбрана на Германија
-
Предложени мерки на претпазливост против две лица по сообраќајната несреќа на автопатот Гостивар-Тетово
-
ПМФЛ: Вардар го совлада Работнички, Шкендија поразена во Струга
-
Приведен 35 годишен скопјанец, агресивно се однесувал кон полициски службеници
-
Кривична против 58 годишник, измамил друго лице дека ќе му набави и достави стока со што го оштетил за 4.100 евра
-
33 годишник од Скопје, физички нападнал возач на ЈСП додека управувал со автобусот