Во Кривичен продолжува судењето за „Таргет-Тврдина“

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за предметот „Таргет-Тврдина” кој се однесува за незаконското следење на комуникациите.
Предметот се наоѓа во фаза на доказна постапка и сослушување на сведоци предложени од обвинителството.
Претходните неколку рочишта беа затворени за јавност, поради сослушување на сведоци вработени во Управа за безбедност и контраразузнавање УБК. Досега во оваа постапка имаат сведочено свиркачите Звонко Костовски и Ѓорѓи Костовски, поранешниот директор на УБК Зоран Верушевски, поранешниот премиер Зоран Заев и други лица.
Случајот го води судијката Џенета Бектовиќ, а застапници на обвинението се Артан Ајро и Трајче Пеливанов.
Обвинети во овој предмет за нелегално прислушување се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешна министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и други лица од УБК.
Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.
Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.
Ново на Сител
-

Народна банка: Употребата на дигитално плаќање на граѓаните бележи раст и во првиот квартал од 2026 година
-

Во мај за 9,1 проценти зголемен прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун
-

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжи со презентација на докази за ДПИ
-

Индустриското производство намалено за 0,3 проценти во првите пет месеци од годинава
-

Бројот на жртви во земјотресите во Венецуела достигна скоро 2.000
-

Во 2025 година 911 бесправно изградени објекти
-

Трамп лани пријави повеќе од 1,4 милијарди долари приход од крипто инвестиции на семејството
-

Нетанјаху нареди целосно уништување на инфраструктурата на Хезболах
