Лекарите тврдат дека во телото на Навални не се пронајдени траги од труење
Главниот доктор на болницата во Омск, Александар Мураховски, предмалку ги негираше тврдењата дека супстанцијата пронајдена во телото на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, наводно била опасна по неговиот живот и околината, наведувајќи дека сите анализи досега се негативни.
-Јас во мојата работа се водам од службените документи. Тие службени документи што пристигнаа од нашата хемиско-токсиколошка лабораторија, опсегот на супстанции што веќе ги проверил апаратот, сите покажуваат негативни резултати, изјави Мураховски пред новинарите, додавајќи дека не може да каже кои супстанции биле проверувани, пренесоа руските медиуми.
Мураховски изјави дека Навални се уште е во кома и дека е поврзан на респиратор, како и дека транспортот на пациентот не е можен дури и доколку семејството Навални ја преземе одговорноста за тоа, бидејќи неговата здравствена состојба е нестабилна.
Заменик-главниот лекар на болницата, Анатолиј Каљникенко, исто така, потврди дека отров не бил пронајден во телото на Навални за време на тестирањето и дека лекарите веруваат дека тој не е отруен.
-Не се пронајдени траги на отров во неговиот организам, рече тој, додавајќи дека лекарите нема со медиумите да ја споделат неговата дијагнозата, кога ќе ја утврдат, туку за неа ќе ги информираат неговата сопруга и братот.
Претходно денес, директорот на Антикорупцискиот фонд, чиј основач е Навални, Иван Жданов, повикувајќи се на сообраќајната полиција, кажа дека во телото на Навални пронашле опасна материја, што не претставува опасност само за него, туку и за неговата околина.
Ново на Сител
-
Тепачка помеѓу пратениците од власта и опозицијата во српското Собрание | ВИДЕО
-
Ана де Армас во врска со посинокот на контроверзниот претседател на Куба
-
Кривична против поранешниот министер за култура Хусни Исмаили за штета на Буџетот од 31 милиони денари
-
Донација од шест електрични автобуси на ЈСП утре и купување на уште 120 за јавниот транспорт по општините
-
Ангела Меркел: Ако Украина пристапеше во НАТО во 2008, војната ќе започнеше порано
-
Папа Франциск: Лицемерните земји кои зборуваат за мир, а произведуваат оружје се виновни за војните
-
Титаниум – нов инстант лоз со возила на Државна лотарија
-
Почина владиката Тимотеј