На денешен ден, пред 75 години, жените во Југославија се стекнаа со право на глас
Пред точно 75 години, на 11 август 1945 година, жените во Југославија се изборија за право на глас.
Правото на глас за жените беше потврдено уште во 1941 година во документите на Врховниот штаб на народноослободителните партизански одреди на Југославија, кој во тоа време имаше контрола над териториите ослободени од нацистичката окупација.
Тоа право првпат е искористени по Втората светска војна, на изборите за Уставотворното собрание во ноември 1945 година. Во тоа време, сите мажи и жени во земјата над 18-годишна возраст гласаа за Уставотворното собрание.
По овие избори, првите на кои југословенските жени имаа право на глас, на 29 ноември 1945 година, монархијата беше укината и беше прогласена Федеративна Народна Република Југославија.
Во истата година, жените во Франција и Италија се избореа за право на глас. Жените во Швајцарија со тоа право се стекнаа во 1971, а во Лихтенштајн дури во 1984 година. Прва земја во светот во која жените остварија право на глас е Нов Зеланд, каде жените гласале уште во 1893 година.
Ново на Сител
-

Папата Лав XIV ги повика богатите католици од САД да продолжат со донациите
-

Јужнокорејскиот министер за надворешни работи разговараше со иранскиот колега за Ормуз
-

Русија за седум дена лансира 1.600 дронови кон Украина, значително помалку од минатата недела
-

МВР: Приведени 14 лица за безобѕирно управување возило, меѓу нив и малолетник без возачка
-

Двајца малолетници повредени при сообраќајка во Штип
-

Приведени пет лица за семејно насилство
-

Приведени двајца кавадарчани, едниот возел без возачка дозвола, другиот под дејство на алкохол
-

Приведено 24-годишно момче кое со нож нападнало две лица во Кичево
