До ОЈО Скопје поднесен соодветен акт за „бесправно градење“ кај „Мавровка“
Министерството за внатрешни работи информира дека по исрцпување на сите истражни мерки и активности во насока на откривање и документирање на кривично-правниот настан во реонот на Трговскиот центар „Мавровка“, денеска од страна на СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал до Основното јавно обвинителство Скопје беше поднесен соодветен акт од сите досега преземени мерки и активности во врска со кривично-правниот настан „бесправно градење“, според членот 244-а од Кривичниот законик.
– Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност, изминатиов период применувајќи ги неопходните мерки и активности од делокругот на својата надлежност, интензивно работеше во насока на утврдување на постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење” кое што се гони по службена должност по член 244-а од Кривичниот законик на Република Северна Македонија во реонот на Трговскиот центар „Мавровка“, соопштуваат од МВР.
Оттаму велат дека заради утврдување на елементи на постоење основи на сомнение за сторени кривични дела, кои што се гонат по службена должност, а се однесуваат на предметниот кривично-правен настан, СВР – Скопје ќе продолжи и понатаму со преземање на соодветни мерки и активности од делокругот на својата надлежност.
Ново на Сител
-

Акциска контрола во угостителски објекти во гостиварско, затекнати 15 странски државјанки, пронајдена дрога
-

Градоначалникот, неговиот заменик и уште две лица уапсени за пожарот на грчкиот остров Парос
-

Бројот на загинати во големиот земјотрес во Јапонија се искачи на 30
-

Американскиот Црвен крст предупреди на критичен недостиг на крвни резерви во САД
-

Туск: Русија го наруши воздушниот простор на Полска при ноќешните напади врз Украина
-

Возач од Гевгелија фатен со речиси двојно поголема брзина од дозволената
-

Продолжува гаснењето на пожарите на грчките острови Крит и Лезбос
-

Ревизијата утврди недоследности во работењето на ФЗО
