ССМ бара платите да се зголемат колку што поскапе струјата
Поскапувањето на струјата е избрзана одлука на Регулаторната комисија за енергетика е ставот на најголемиот синдикат во државава. Денеска претседателството на ССМ ја разгледуваше одлуката на РКЕ и констатира дека ова досега најголемо зголемување на цената негативно ќе влијае на животниот стандард на работниците.
Според неофицијалните информации, ССМ преку своите стручни служби ќе направи пресметки за влијанието на покачените цени не само на струјата, туку на сите производи и тоа ќе го внесе во потрошувачката кошница. Ќе бара скапесто зголемување на платите за толку колку што се зголемат трошоците на живот. Ова значи не само покачување на минималната, туку на сите плати.
На реакцијата на ССМ претходеа бројни реакции во јавноста за зголемувањето на цената на струјата. Вчера во Тетово, Куманово, Дебар, Гостивар и во скопски Чаир се одржаа протести со барање за поништување на одлуката и распуштање на РКЕ. Најавено е организирање на масовни протести и во други градови.
Против одлуката на регулаторите е и експертската јавност. Експертите сметаат дека енергетските компании треба да ја трошат акумулираната добивка од претходниот период и да го намалат бројот на вработени за 20% за цената на струјата да не расте во овој период на економска и здравтсвена криза.
Против поскапувањето на струјата се произнесе и најголемата опозициска партија во земјава ВМРО ДПМНЕ.
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Ново на Сител
-

Клековски: Годинава извршени 15 трансплантации на бубрег, до крајот на годината планирани уште три
-

Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје
-

Kривична пријава за двајца вработени во Брзата помош во Тетово – не испратиле екипа за повредено лице
-

Сведоци на одбраната: Полицијата била пред дискотеката и помагала по пожарот во „Пулс“
-

Скопје ќе се украси до 15 декември – елка од 13 метри и новогодишни декорации за околу 73.000 евра
-

Македонските „Тигри“ меѓу десетте најдобри на меѓународен снајперски натпревар во Турција | ФОТО
-

ЕУ отвори истрага против Booking.com поради лажни огласи и измами – се заканува казна до 6% од глобалниот промет
-

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ
