ДИК изгласа зголемување на надоместоците за членовите на избирачките одбори и општинските изборни комисии

Зголемување на надоместокот за членовите на избирачките одбори на предвремените парламентарни избори за 100 отсто, едногласно изгласа Државната изборна комисија.
Општинските изборни комисии, пак, ќе добијат за 20 проценти поголем надоместок поради успешното организирање на изборите.
-Голема благодарност до членовите избирачките одбори кои директно беа подложени на голем контакти со гласачите, но почитувајќи здравствените протоколи и правните процедури ние денеска нема кластер „избори“. Затоа се согласувам за зголемување на нивниот надомест од 100 отсто, изјави Елизабета Постоловска од ДИК.
По 6.000 денари надомест ќе добијат и здравствените работници кои беа дел од посебните избирачки одбори. Станува збор за сума, која е највисока што може да се добие за учество во изборите и кои ја добиваат претседателите на избирачките одбори.
Според Постоловска, не станува збор за награда, туку за заслужен надоместок.
Членовите се согласни дека ДИК ги заштитила граѓаните и истовремено ги организирала изборите.
-Имавме 3.400 избирачки одбори и 80 општински изборни комисии. Износот на општинските изборни комисии им се зголемува за 20 отсто и тоа, почнувајќи од најмалите општински изборни комисии кои имаат до 20 избирачки места, изнесот им се зголемува за 5.000 денари, а ќе земаат – претседателот 30.000 денари, член 18.000 денари. ОИК кои имаат од 21 до 40 избирачки места износот ќе им се зголемува за 6.000 денари и ќе земат – претседателот 36.000, членовите по 24.000 денари. На ОИК кои имаат од 41 до 70 избирачките одборот износот за претседателот ќе биде 48.000 денари, за членот 36.000 денари. На ОИК кои имаат 71 до 100 избирачки одбори износот за претседателот ќе биде 60.000 денари, 48.000 за членот. На ОИК кои имаат од 101 до 130 избирачки одбори претседателот ќе добие 66.000 денари, а членот 54.000 денари. И на ОИК кои имаат над 131 избирачките одбори за претседателот ќе биде 72.000, а за членот 60.000 денари, истакна Јанаќе Витановски.
Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски уверува дека вкупните износи кои ќе се исплатат по основ на надоместоци за предвремените парламентарни избори ќе бидат речиси идентични како тие што беа исплатени за претседателските избори.
Ново на Сител
-

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на здружението „До бебе по патот на ин витро“
-

Акција „Чистач“: Уапсени 5.628 лица, 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговија со дрога и прекуграничниот криминал
-

Стопанската комора предлага 13 неработни денови и укинување на префрлањето на празниците што паѓаат во недела
-

Мицкоски: Остануваме држава со најниска цена на дизел горивото и на безоловниот бензин
-

Мицкоски: Оваа Влада ги завршува проектите што биле закочени со децении, а ако опозицијата иницира предвремени избори, ќе дадеме соодветен одговор
-

Онкологија: Вештак на одбраната тврди дозирањето и третманот на онколошки пациенти е согласно европски протоколи, Обвинителството ги оспорува заклучоците
-

Пуштена во употреба новата детска градинка во Теарце, 147 деца ќе бидат згрижени
-

До четврток сончево и топло, од петок променливо облачно со пообилни врнежи
