Охрид наутро исчистен од отпад, навечер ѓубре се фрла насекаде

Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ деновиве кога е шпицот на сезоната, покрај редовите активности за одржување на хигиената низ градот и долж крајбрежјето, дополнително се ангажира за собирање на отпадот, што секојдневно се остава на најпосетуваните локации, по парковите, на кејот на езерото, на шеталиштата, атрактивните места во стариот дел на градот.
Како и изминатите денови и ова утро јавните површини низ градот се целосно исчистени од фрлени отпадоци, а плоштадите и улиците измиени. Тие активности се спроведуваат секојдневно, а во активностите се вклучуваат и самоорганизираните граѓански здруженија, младите ентузијасти кои групно чистат и собираат отпад од плажите, но сето тоа е недоволно ако отсуствува свеста за потребата од заштита на околината.

Во координирана акција екипи на „Охридски Комуналец“ и планинската спасителната служба при Црвениот крст-Охрид утрово го расчистуваа тешко пристапниот терен на потегот кај локалитетот Канео каде несовесни гости, главно помлади лица, амбалажата што ја носат со себе ја фрлаат насекаде, па и зад потпорниот ѕид долж патот, што води кон црквата Свети Јован.
Грдите слики од фрлен отпад насекаде се повторуваат секојдневно што не доликува на Охрид и неговиот статус на најпознато и најпосетуванио туристичко место во земјата. Оттаму и апелите на сите субјекти до посетителите малку повеќе да се грижат за заштитата на нашите природни убавини и националното културно историскиско богатство.
Ново на Сител
-

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега
-

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти
-

Брза интервенција на велешките пожарникари спречи проширување на пожар во семејна куќа
-

Активни 11 пожари и три под контрола
-

Претреси на повеќе локации во Тетово и Гостивар, пронајдени дрога, оружје и муниција
-

Кавадарчанец во полиција пријавил измама од 3.200 евра
-

Претреси на повеќе локации на подрачјето на СВР Битола, пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени пет лица
-

„Безбеден град“ досега евидентирал 310.865 прекршоци, од кои 180.378 за возила со странски регистарски ознаки
