Грчката Влада ја разгледува можноста да воведе задолжителна употреба на маска во продавниците и црквите

Во следните денови, следејќи ги препораките од експертите, доколку биде потребно, употребата на маска, ќе биде задолжителна во повеќе затворени простори, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите.
Пецас истакна дека ги загрижува зголемениот број позитивни случаи на Ковид-19 особено во големите урбани средини како што е областа Атика, поширокиот регион на Атина и Солун и токму затоа се разгледува можноста да се воведе задолжитела употреба на маска онаму каде што сега не постои обврска за граѓаните.
Како пример ги спомена продавниците во моловите и трговските центри, но и црквите.
Објасни дека е нешто се разгледуваа од експертите и кога ќе постои одлука од надлежната комисија, ќе биде соопштена.
Портпаролот на грчката Влада повтори дека главниот непријател е во внатрешноста на земјата, а тоа е олабавувањето на граѓаните.
-Зголемениот број случаи во урбаните центри како што се Атика и Солун потсетува дека вирусот и понатаму е присутен и се храни од нашата опуштеност, истакна портпаролот на грчката Влада.
Паралелно, соопшти дека во периодот од 24 до 26 јули биле направени 2.816 контроли за почитување на здравствените протоколи, биле регистрирани прекршувања во 198 случаи и изречени 220 казни во висина од 86.050 евра.
Ново на Сител
-

Орбан: Будимпешта е подготвена да биде домаќин на мировни преговори меѓу Русија и Украина
-

Осомничениот за пукањето пред Белата куќа ќе биде обвинет за убиство од прв степен
-

ЈПДП: Расчистување на вегетацијата на клучките на автопатот А1, безбедноста врвен приоритет
-

На земјоделците во Грција ќе им бидат исплатени вкупно 3,7 милијарди евра
-

Зеленски: Андриј Јермак поднесе оставка
-

Меџити потврди дека Мухамед Хоџа ќе биде министер за екологија, а Беким Сали прв вицепремиер
-

Агенциите на ОН апелираа до Вашингтон да им дозволи на барателите на азил пристап до САД
-

Над 60 проценти од жителите на ЕУ лани купувале онлајн
