-->
-->
Жена измамена за 122.000 денари откако лажно и се претставувало лице на телефон како командир
-->
На 24.07.2020 во 18.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, 85-годишна жена од Скопје пријавила дека на 23.07.2020 била измамена од едно лице. Според пријавеното, околу 11.30 часот на телефон и се јавило лицето и се претставило дека е командир на полициска станица. Како што пријавила таа, лицето и кажало дека нејзината ќерка со возило прегазила девојче кое починало и дека ако сака може да и помогне да не оди во затвор, а за возврат требада му даде пари. Исто така, според пријавеното, оштетената дала вкупно 122.000 денари на лицето кое дошло до нејзината врата, а во 20.00 часот кога се слушнала со нејзината ќерка заклучила дека била измамена. Се работи на расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово
-
Адвокат почина во Граѓанскиот суд во Скопје
-
Повторно одложен судскиот процес за Пендиков
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга