-->
-->
Незадоволни од судиите, Шкупи и Вардар не го доиграа мечот во Чаир
-->

Незадоволни од арбитражата на судијата Дејан Младеновски екипите на Шкупи и Вардар не го одиграа второто полувреме на мечот помеѓу „Б’’ тимовите.
На денешната средбата на стадионот во скопската населба Чаир, во главна улога на овој меч беше главниот судија Дејан Младеновски, кој во првото полувреме досуди три пенали за домаќините.
Најнапред, судија Младеновски, откако за прв пат покажа на белата точка, а младиот вардаров голман Филип Трајчевски го одбрани ударот, Младеновски се реши да го повтори пеналот. Но, фудбалерите на Шкупи не успеаја да ја искористат и втората можност. Петнаесет минути подоцна беше досуден уште еден пенал за домашниот тим, но и тој Трајчевски го одбрани.
Првото полувреме беше продолжено десет минути од судијата Младеновски, односно се до моментот кога голот на Самир Шабани, домашниот тим дојде во водство.
По ваквиот развој на настаните, управите на двете екипи, Шкупи и Вардар, се договорија мечот да не продолжи.
Како што се вели во информацијата објавена на официјалната веб-страна на ФК Вардар „Двете екипи се договорија да не го одиграат второто полувреме од дуелот, поради непрофесионалниот однос на судиската тројка Дејан Младеновски, Сашо Тошевски и Бојан Ивановски’’. Сега останува да се види, каква реакција ќе уследи од Фудбалската федерација на Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Жена во Драчево ранета од заталкан куршум додека седела во својот двор
-

Загина 65-годишен возач на мопед по судир со автомобил
-

Засилени контроли за електрични тротинети, во август констатирани 606 прекршоци, одземени 18
-

Герасимовски: Паркот на новинарите исчистен, бездомните лица иселени , го враќаме редот и мирот во Центар
-

НАТО забележува пораст на руските хибридни напади
-

Сослушани сведоци на обвинителството и одбраната во случајот против судијата Ѓоко Ристов
-

Преку забрзување на реформите и координација меѓу владите, парламентите и политичките чинители до поскоро членство во ЕУ
-

45 дена затвор за скопјанка која со „Мерцедес“ двапати прегази куче во Улцињ
