-->
-->
Во Романија затворена фабрика за месо, заразени 93 вработени
-->
Прекинато е производството во фабрика за преработка на месо во западниот регион Темиш во Романија, откако се регистрирани 56 работници заразени со вирусот Ковид-19, пренесува агенцијата Агерпрес.
Досега, вкупно 93 позитивни случаи на вирусот се регистрирани во таа фабрика.
Како што е наведено, производството ќе продолжи по темелно санирање на производниот погон и дезинфекција, како и по повторното тестирање на вработените, кои имале негативни тестови.
Во тек е епидемиолошка истрага, а на местото на настанот се експерти од Управата за јавно здравје.
Заразените од фабриката се во домашна изолација затоа што покажале поблаги симптоми.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Променливо облачно, попладне наместа пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
Состојба на патишта
-
Црн чад над Сикстинската капела во Ватикан
-
ПМФЛ: Шкендија со триумф над Работнички ја обезбеди шампионската титула
-
Започна конклавата за избор на нов папа
-
Пронајден починат маж во Бутел
-
Николски за заемот од 6 милијарди евра: Делот за тоа колку ќе се задолжиме е погрешно пренесен
-
Учество на министерот Муцунски на неформалниот состанок во GYMNICH формат