Светска банка бара од Г-20 да ги намали долговите на најсиромашните земји
Претседателот на Светската банка, Дејвид Малпас ги повика земјите од Г-20 да разговараат за намалување на долговите на најсиромашните земји со цел да се минимизираат економските влијанија на пандемијата на коронавирус.
Тој ја предложи таа иницијатива за време на видео-конференција со министрите за финансии и гувернерите на централните банки.
Според Малпас, пандемијата довела до „најголема глобална рецесија во последните децении“, влијаејќи особено на новите економии.

– Ги повикувам Г-20 да го отворат патот за консултации, како и за ефективни начини за намалување на нето сегашната вредност и на официјалниот билатерален и на трговскиот долг за најсиромашните земји, рече Малпас.
Покрај тоа, шефот на Светската банка ја објави потребата од продолжување на мораториумот за исплати на долгови од најсиромашните земји.
– Ве повикувам да ја продолжите иницијативата за прекин на исплатата на долговите до крајот на 2021 година, рече тој, истакнувајќи дека е потребна транспарентност на сите билатерални кредитори, вклучително и националните банки.
Според него, ситуацијата во земјите во развој се влошува.
– Времето истекува. Треба да преземеме итни мерки за прекин на исплатата на долговите, да ги намалиме долговите, да најдеме механизми за нивно подмирување и да бидеме транспарентни, истакна Малпас.
Ново на Сител
-

15-годишник силувал 17-годишно девојче откако претходно се договориле да се сретнат
-

Папата Лав XIV упати апел за запирање на спиралата на насилство во Иран
-

Сообраќајка во Битола, повредено 17-годишно момче
-

Возило излетало од автопатот Скопје-Штип, двајца повредени
-

Тешко повреден мотоциклист кој удрил во куче
-

Иранскиот претседател вели дека убиството на Хамнеи е „објава на војна против муслиманите“
-

Во нападите врз Техеран оштетена амбасадата на Србија | ФОТО
-

ДЗС со вежба го одбележува Светски ден на цивилната заштита
