Нигериската војска убила стотици шиити, информираа локални активисти

Нигериската војска убила стотици, а можеби и илјада шиитски муслимани во оваа земја, објавија локални активисти, по што главниот нигериски заштитник на човековите права операцијата ја нарече „масакр“.
Чиди Одинкалу од Нигериската комисија за човекови права на социјалните мрежи објави фотографии на кои се гледа како булдожер го урива храмот на Исламското движење во Нигерија и наведе дека е уништена куќата на лидерот на ова движење Ибрахим Закзаки, пренесоа американските медиуми.
Одинкалу наведе дека Закзаки е ранет од огнено оружје, како и дека една од неговите жени погинала во воената рација која почнала во саботата, а беше завршена во понеделникот наутро.
„Граѓаните мораат да се запрашаат кој го нареди овој масакр?“, напиша Одинкалу на Твитер.
Нигериската војска соопшти дека рацијата ја почнале откако 500 шиити го блокирале конвојот во кој патувал началникот на Генералштабот на нигериската војскае и се обиделе да го убијат.
Ново на Сител
-

ДИК на седница усвои барање за акредитација за набљудувачи на изборите во Брвеница
-

Мицкоски: Граѓаните на Брвеница да гласаат за проект повеќе и подобар живот, а не за етнички поделби
-

Полицајци фалсификувале службен извештај за контрола на седум возила, но возачите тврдат дека никој не ги запрел
-

72-годишен Французин починал на Кадиохирургија во Скопје
-

Двајца малолетници нападнале и ограбиле 62-годишен маж во Тетово, едниот го повредил со остар предмет
-

Брнабиќ ја повика Студентската листа што поскоро да формира власт
-

Николоски: Автопатот Скопје-Блаце директно не поврзува со пристаништето во Бар
-

Мицкоски: Очекуваме одговор од студентите за предлогот за студентскиот оброк, разговаравме и за правосудниот испит
