Заврши болничкото лекување на повредените мигранти во сообраќајката кај штипска Лакавица
Заврши болничкото лекување на шестмината мигранти, кои во неделата се здобија со тешки телесни повреди во сообраќајната несреќа на патот Штип-Радовиш кај селото Лакавица. Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска вели дека четворица од нив беа сместени на одделението за Ортопедија, двајца со повреди на рамо и двајца со повреди на нозете. Во кампот во Гевгелија се и останатите двајца мигранти кои беа хоспитализирани на одделението за Хирургија.
– Од нив едниот имаше повреди на лицето. Вчера беше однесен на преглед на Клиника за максилофацијална хирургија во Скопје, прегледан е таму и заедно со другиот пациент од хирургија, емигрант, однесени се во центарот за мигранти кај Гевгелија, вели Шуманска.
Таа истакна дека според лекарите потребна им е дополнителна медицинска нега, но болничкото лекување им е завршено. Во сообраќајката која се случи во близина на село Лакавица повредени беа 11 мигранти кои се превезувале во багажникот од возилото, кое директно се судри со автомобил мерцедес во кој се превезуваа две штипјанки. Возачот на возилото во кое се превезувале мигрантите е во бегство.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни осум пожари, под контрола пет и 12 изгаснати
-
Изгаснат пожарот кај делчевско Стар Истевник, на границата со Бугарија
-
Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје
-
Пожар во стан на ул. „Кочо Рацин“ во Скопје - Седум лица вдишиле чад
-
Папата побара прекин на огнот во Газа за време на телефонски разговор со Нетанјаху
-
Пијан скопјанец отстранет од патот Охрид-Кичево - бил однесен во болница, па во притвор
-
Коњановски ги демантира наводите на социјалните мрежи: Казната ја платив веднаш | ФОТО
-
Рама: Секојдневно се соочуваме со кибер-напади од Иран