Американските војници се повлекоа од пет бази во Авганистан

Американските војници се повлекоа од пет воени бази во Авганистан во согласност со Договорот потпишан помеѓу Вашингтон и талибанците во февруари, потврдија двете страни, без да ги наведат базите.
Според американски и авганистански извори американските војници се повлекоа од базите во провинциите Хелманд, Урузган, Пактика и Лагман.
Според Договорот американските војници требаше да напуштат пет воен бази и да го намалат контингентот во Авганистан до 8.600 војници во рок од 135 дена по потпишувањето на Договорот, чиј краен рок беше вчера.
Талибанците го поздравија повлекувањето, но ги обвинија американските војници дека извршиле воздушни напади во реони „надвор од зоните на активни борби“.
Специјалниот претставник на САД за Авганистан, Залмај Халилзад денеска потврди дека е реализирана првата етапа од Договорот. Тој ги отфрли критиките за насилство во Авганистан и го осуди вчерашниот напад на талибанците, при што загинаа 12 членови на авганистанската разузнавачка служба, а повредени се 63 лица.
Халилзад истакна дека за реализација на следната етапа од Договорот ќе инсистира авганистанската Влада и талибанците да продолжат да ги ослободуваат затворениците, со цел да се намали насилството во земјата.
– Талибанците треба да го исполнат ветвувањето и да не преземаат терористички акции, како и ветувањето за отпочнување на мировни преговори во Авганистан, со што ќе се стави крај на повеќедецениската војна, посочи Халилзад.
Ново на Сител
-

Протести во Прага поради планираното укинување на претплатата за чешките јавни медиуми
-

Од специјализирана продавница за „Покемон“ украдени карти во вредност од над 130.000 евра
-

Трамп бара од Конгресот дополнителни средства за модернизација на американскиот систем за контрола на воздушниот сообраќај
-

Следува променливо облачно и потопло време, од среда повремено силен јужен ветер
-

Изминатото деноноќие 15 пријави за семејно насилство во државава
-

Акциски контроли на подрачјето на Центар во Скопје, констатирани повеќе прекршошци
-

Седум ПП возила и 19 пожарникари гаснеле запалена барака во Жданец
-

Николоски: Охридскиот аеродром годинава ќе достигне помеѓу 370.000 и 400.000 патници наспроти предвидените 130.000 до 2030 година
