Сеул: Ким Џонг-ун планира „чистка“ во раководството на Северна Кореја
Севернокорејскиот лидер Кмм Џонг-ун на Конгресот на владејачката Работничка партија на Кореја, што ќе се одржи во мај идната година, планира да изврши промени во државното и партиското реководство на Северна Кореја, се наведува во анализата на јужнокорејскиот владин Институт за национално обединување.
Како што јави агенцијата Јонхап, во анлизата објавена денеска, се наведува и дека на Конгресот на владејачката севернокорејска партија, прв по 1980 година, најверојатно ќе бидат разрешени функционерите од „втората генерација“, меѓу кои и партискиот секретар Чое Рјонг-хае, со што ќе се создаде можност за доаѓање на власт на полиитчари од „третата и четвртата револуционерна генерација“.
- Чое, беше еден од најблиските соработници на Ким, но постојат сознанија дека тој по казна е деградиран и испратен на превоспитување од засега нејасни причини, се наведува во анализата,
Институтот проценува дека над 3.000-те делегати што ќе присуствуваат на партискиот Конгрес ќе изберат нови лица во раководставото, што може да донесе и промена во политиката на Пјонгјанг.
- Конгресот ќе донесе нов состав на администрацијата на Ким Џонг-ум, Тоа всушност е и главна причина поради која Ким Џонг-ум реши да свика Конгрес во 1996 година, сметаат авторите на документот.
Институтот очекува во рамки на претсојните промени, во своето новогодишно обраќање Ким да „и понуди маслиново гранче“ на Јужна Кореја.
Во анализата на Институтот се посочува и дека во текот на 2016 година Северна Кореја најверојатно нема да ги возбонови нуклеарните проби, со што ќе се зголемат шансите за напредок во шестостраните преговори за севернокорејската нуклеарна програма.
Ново на Сител
-
Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада
-
Две лица се повредени во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера