Петровска му одговори на Чулев за наводниот изборен поткуп: Очајници прават очајнички потези
Сите од досега сослушаните граѓани чии лични документи се најдени во продавница во Штип, изјавиле дека личните документи не им се земени заради поткуп туку заради долг, напиша дополнителната заменичка министрка на МВР Славјанка Петровска на нејзинитот Фејсбук профил како одговор на написот на министерот Наќе Чулев за наводен изборен поткуп.
– Ова не е кривично дело поврзано со изборите туку кривично дело од областа на економскиот криминал кое допрва треба да се докаже. Очајници прават очајнички потези. Срамно е да се злоупотребува позицијата министер за внатрешни работи и да се соопштуваат невистини, особено кога истрагата е во тек, што впрочем е напишано и во известувањето до ОЈО. Известувањето во кое е наведено дека не се спомнува ниту една политичка партија, а е доставено до ОЈО е потпишано и од началникот и од дополнителниот начлник на СВР Штип. Со ова очигледна е намерата на Чулев да влијае на истрагата и да ја злоупотреби за партиски цели, пишува Петровска.
Таа од нејзиниот ФБ профил ги повикува припадниците на Министерството да не подлегнуваат на партиските притисоци и секој сомнеж за кривично дело да го докажат во соодветна постапка со соопштување на факти.
Ново на Сител
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
-

Потврдена епидемија на ебола во ДР Конго
-

Тошковски: Загрижува растот на семејното насилство, но посветени сме за најдобар одговор којшто може да го даде МВР
-

Мицкоски: Реформите се доказ дали сте за Европа, не е само Бугари во Уставот
