Обвинение за кражба на икони
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 42-годишен скопјанец, кој го сторил кривичното дело „тешка кражба“ од член 236 став 1точка 1 од Кривичниот законик.
Истовремено, јавниот обвинител му предложил на Судот, на обвинетиот да му ја продолжи веќе определената мерка притвор, бидејќи постои опасност од бегство.
– Обвинетиот го сторил кривичното дело на 8 јули 2020 година, во 22.00 часот, кога провалувајќи влегол во внатрешноста на црквата Св. Петка Исконска, сопственост на МПЦ Скопска епархија, на начин што со употреба на погоден тврд предмет го отворил прозорот на црквата. Тој со намера противправно да ги присвои, одзел икона од светец „Св.Петка Исконска“, икона од светец „Св.Климент“, икона од светец „Св Петка“, икона од светец „Св. Нектарија Египски“ и икона од светец „Св. Илија“. Откако ги одзел иконите, во вкупна вредност од 61.500,00 денари, обвинетиот го напуштил местото на настанот, соопштија од ОЈО.
Ново на Сител
-

Ферари и Леклер добро минаа по инцидентот во Монца
-

Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
-

„Безбеден град“ од сабота ќе се применува и во Велес
-

Угостителските услуги во август на годишно ниво поскапи за 3.7 %
-

За викендот се најавува дожд и пад на температурата
-

Уапсен тетовец, чистејќи го својот имот запалил оган и предизвикал пожар
