ХДЗ се согласи со барањата на Мост, предлага формирање Влада
Претседателот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), Томислав Карамарско синоќа изјави дека Татковинската коалиција, која ја предводи неговата партија, позитивно одговорила на барањата на Мост и оти и предложила заедничко формирање коалициска влада.
- Позитивно одговоривме на барањата на Мост. Што се однесува до трипартитната влада таа е нереална според одлуката на Социјалдемократската партија и нивните коалициски партнери, а ние предлагаме да одиме со коалициска влада со Мост, изјави Карамарко по седницата на Претседателството на ХДЗ и лидерите на партиите од Татковинската коалиција.
Со оглед на сите реформи, кои ја чекаат Хрватска, Карамарко повика на консензус и соработка со сите леви опции во политичкиот спектар, па и со СДП.
- Што е можно поскоро треба да се формира парламентарно мнозинство и Влада, која ќе почне да се справува со проблемите, кои се големи и кои во голема мера ги оптоваруваат граѓаните, рече Карамарко.
Тој меѓутоа не прецизираше дали е подготвен да се откаже од премиерската функција, нагласувајќи само оти ХДЗ е подготвена да разговара и за таа опција.
Истовремено, претседателот на СДП и актуелен премиер Зоран Милановиќ изјави дека формирањето на широк трипартиски сојуз во овој момент е неодржлива опција, но оти го поддржува продолжувањето на билатералните разговори меѓу коалцијата „Хрватска расте“, која ја предводат социјалдеморкатите и Мост.
Ново на Сител
-
Сашо Дранго ќе биде разрешен доколку се потврди дека ја застрелал мечката, најави Мицкоски
-
Над 3.000 универзитетски професори во Србија ги поддржаа студентите
-
Најмалку пет лица загинаа во зимската бура во САД
-
Александар Тарабунов со нова песна - „Снегови“
-
Ердоган: Турција ќе воведе 5Г мрежа во 2026 година
-
Српските специјалци ликвидираа маж кој уби едно лице во Јагодина
-
Бројот на загинати од земјотресот во Тибет се искачи на 95
-
Прегазен 66-годишен пешак во Тетово, сторителот побегнал