Во Белград нема да биде воведен полициски час, но ќе бидат забранети собири
Српската премиерка Ана Брнабиќ, по денешната седница на кризниот штаб, соопшти дека разговарале за враќање на некои од рестриктивните мерки кои беа во сила во април и мај, но не за цела територија на Србија, туку само во погодените области.
Во белград нема да биде воведен полициски час, туку целосна забрана за јавни собири за повеќе од 10 лица на отворен и затворен простор. Сите продавници и трговски центри ќе бидат затворени од 21 до 06 часот.
Коментирајќи ги протестите од претходните две ноќи во контекст на епидемијата на коронавирус, Брнабиќ оцени дека „сигирно скапо ќе се плати за протестите кои се одржани, бидејќи луѓе веројатно се веќе заразени“.
– Да се надеваме дека мерките кои претходно ги воведовме, а тоа е задолжително носење маска, ќе почнат да даваат резултати, истакна српската премиерка.
Во понеделникот, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека во Белград е алармантно бидејќи таму се над 80 отсто од заразените во Србија и најави можност за повторно воведување полициски час во српската престолнина, поради што почнаа и протестите.
Сепак, Кризниот штаб оцени дека прво треба да се обидат со други рестриктивни мерки, а воведувањето полициски час да биде крајна мерка.
Ново на Сител
-
Влада: Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк
-
Германската царина откри 1.500 тарантули криумчарени во колачи
-
Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток, најдобрите ќе бидат дел од новата специјална единица на ДЗС
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа
-
Лошиот квалитет на водата ги одложи маратонските трки на СП
-
Баро: Ќе воведеме санкции кон Иран ако до август нема напредок во нуклеарниот договор
-
Граѓанската иницијатива Зелен хуман град ја поздрави пресудата за убиството на кучето Феликс