Хрватската демократска заедница убедливо води на парламентарните избори во Хрватска
Според првите излезни анкети, Хрватската демократска заедница (ХДЗ) убедливо води на штотуку завршеното гласање на парламентарните избори во Хрватска.
Изборачките места беа затворени во 19 часот и се очекуваат првичните резултати.
Резултатите на освоени гласови кои се појавија веднаш по затворањето на гласачките места, проектираат 61 мандат за ХДЗ, по што следува коалицијата Рестарт што ја предводи СДП со 44 места и Домовински покрет со 16 парламентарни места.
„Можеме“ (лево-зелена коалиција) и Мост (независни листи) освојуваат по 8 места, а партијата Странка со име и презиме – Паметно-Фокус, три места.
За формирање влада, потребно е парламентарно мнозинство од 76 пратеници од вкупно 151 пратеник. Од нив 140 се бираат во десетте изборни единици во земјата, три се бираат во дијаспората (ИЕ 11) и 8 пратеници во Саборот ги бираат припадниците на националните малцинства во земјата (ИЕ 12).
Медиумите во Хрватска оценуваат дека се работи за моќна победа на партијата на Андреј Пленковиќ, што делумно се должи на како што велат слабото лидерство на опозициската СДП на чие чело е Давор Бернардиќ.
Излезните анакети на минатите избори во 2016 година не ги погодија крајните резултати за 5 парламентарни места.
Редовните парламентарни избори во Хрватска требаше да се одржат во декември годинава, но епидемиолошката состојба поради коронавирусот влијаеше на поинаквата одлука и на избори да се излезе неколку месеци порано.
Ново на Сител
-
Пукање на семејна веселба во населбата Аеродром
-
На Табановце и Богородица за влез и излез од државава се чека околу 30 минути
-
Нетанјаху закрепнува по труењето со храна, соопшти неговиот кабинет
-
Во иранскиот град Омдије измерени 49,6 степени, на Антарктикот- минус 74,2 степени
-
Најмалку 73 лица се убиени во Газа додека чекале да добијат храна, соопшти палестинското Министерство за здравство
-
Запленета поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун во Тетово, приведено едно лице
-
Акциска контрола во винички угостителски објекти, приведено едно лице, затекнати и малолетници
-
Прифатено и второто обвиниение за Васев