Рама огорчен по одлуката на Хаг за Тачи и Весели

По информацијата дека Специјалното обвинителство во Хаг поднело предлог-обвинение против косовскиот претседател Хашим Тачи и поранешниот собрански спикер Кадри Весели,поради воени злосторства против човештвото, реагираше албанскиот премиер Еди Рама наведувајќи дека е на страната на „борците кои го ослободиле Косово од пеколот на Милошевиќ“.
Во објава на Фејсбук Рама вели дека кога ја добил информацијата и ги прочитал имињата на наводните криминалци од Ослободителната војна во Косово, тој се обидел но не успеал да ги формулира вистинските реченици за да ја изрази својата огорченост.
Рама најави дека јавно ќе се произнесе во текот на денешниот ден со порака за сите Албанци, но потенцира дека е и ќе биде до крај, во подршка на сите што се бореле со оружје за ослободување на Косово, заробено во пеколот на Слободан Милошевиќ.
„Да живее Косово и денес повеќе од кога и да е, почит за водачите на ослободителната војна, напиша Рама.
Реагираше и овластениот министер за Европа и надворешни работи, Гент Цакај.
„Борбата на Ослободителната војска на Косово беше чиста и праведна и не е само највисоката точка на историските заложби на народот на Косово за слобода и самоопределување, но исто така и најславното поглавје од нашата национална историја, напиша на Фејсбук,Цакај,кој по потекло е од Косово.
Тој искажува целосна убеденост дека ќе се докаже нивната невиност.
Прв реагираше претседателот Мета кој на Фејсбук напиша дека Тачи и Весели ќе докажат дека се невини.
– Веруваме во невиноста на претседателот Хашим Тачи и поранешниот претседател на Парламентот, Кадри Весели и сите нивни соборци, напиша Мета.
Тој додаде дека и претходно биле подигнати обвиненија против поранешните лидери на ОВК, но тие ја докажале нивната невиност и оти тој верува дека и сега тоа ќе се случи.
Ново на Сител
-

Можно ограничено влијание од кризата кај дел од дестинациите од домашните аеродроми
-

Трамп се закани со повлекување на поддршката за НАТО поради „нелојалноста“ на Европа
-

Мицкоски ќе се обрати на настанот „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“
-

Јемен испали ракета кон Израел
-

Зеленски: Украина преговара со земјите од Блискиот Исток за набавка на дизел
-

Без вода делови од Стајковци и Сингелиќ
-

Локални врнежи од дожд, снег на планините и пад на температурите
-

Путин не ја исклучува можноста за зближување со Европа
