Европскиот парламент усвои Резолуција против расизмот
Европскиот парламент усвои резолуција „Животите на црнците се важни“ како одговор на протестите за расна правда што се проширија низ цела Европа по убиството во САД на Афромериканецот Џорџ Флојд, јави Еуроњуз.
За резолуцијата гласаа 493 европратеници, 104 беа против и 67 воздржани, а во неа се прокламира дека трговијата со робови е „злосторство против човештвото“. Во текстот на резолуцијата, парламентот „остро ја осудува грозоморната смрт на Џорџ Флојд во САД, како и слични убиства на други места во светот“.
ЕП изразува поддршка за неодамнешните демонстрации против расизмот и дискриминацијата и го осудува „белиот расизам во сите негови форми“. Европратениците ги осудуваат полициските акции против „мирољубиви афроамерикански демонстранти и новинари“ и „запаливата реторика“ на американскиот претседател Доналд Трамп. Резолуцијата нагласува дека расистичкиот и ксенофобичниот говор не е прашање на слобода на изразување
„Прекумерната употреба на сила против луѓето е спротивна на принципите на пропорционалност“, оценија европратениците. Резолуцијата, исто така, потенцира дека расистичкиот и ксенофобичниот говор не е прашање на слобода на изразување.
За време на пленарната расправа во средата, германската европратеничка Пиерет Хербергер-Фофана рече дека била жртва на полициско насилство претходниот ден во Брисел, кога снимала говор за кој сметала дека е насилен, верзија демантирана од белгиската полиција. Таа добиваше постојан овации за време на својот говор и им порача на европратениците дека е допрена од гестот.
Ново на Сител
-
Галичник недостапен за новогодишните празници, снегот од патот неисчистен
-
Пандев спортски директор на националните селекции, Најдоски и Ибраими советници на Омерагиќ
-
Десетици илјади на протести во Белград и во Ниш
-
Без струја утре делови од Аеродром, Сарај и Кисела Вода
-
Традицијата продолжува, блесна новогодишната елка под вода
-
Заплена и апсење за пиротехника
-
Германските имиграциски власти предупредувале за осомничениот од Магдебург
-
По 24 пат накитена новогодишната елка во водите на Охридското Езеро