Во Бразил над милион заразени и речиси 50.000 мртви од Ковид-19
Бројот на заразени со коронавирусот во Бразил достигна 1.038.568, а од Ковид-19 починаа 49.090 луѓе, соопшти Министерството за здравство на таа земја.
Вчера беа регистрирани 1.206 нови смртни случаи, а поставен е нов рекорд по бројот на новозаразени, откако за еден ден беа потврдени нови 54.771 заразени..
Така, Бразил стана втора земја во светот што потврди повеќе од милион случаи на коронавирус и е на второ место во светот во однос на бројот на заразени и бројот на починати, по САД. Веќе четврти ден по ред бројот на починати е поголем од 1.200, јави Би Би Си.
Експертите веруваат дека бројот на заразени е далеку поголем, а пандемијата во Бразил особено го погоди најсиромашното и домородното население.
Претседателот Жаир Болсонаро смета дека вирусот корона не е многу опасен и го нарече „мал грип“, и во повеќе наврати се конфронтираше со државните гувернери и градоначалниците кои воведоа ограничувања заради борба против Ковид-19. Болсонаро смета дека економските последици од овие мерки ќе бидат полоши од самиот вирус.
Ново на Сител
-

ЈО: Побарана подготвителна постапка за четири малолетнички за насилството врз 13-годишно девојче во Ѓорче Петров
-

Мицкоски: Владата постојано работи на унапредување на електроенергетскиот систем
-

Јаневска: Наша цел е воведување на ВИ во секојдневниот живот на учениците и наставниците
-

Шеснаесетгодишници нападнале врсник и му се заканиле со автоматска пушка
-

Угостителските услуги за една година поскапеле за 2,8 отсто
-

Арагчи: Иран ќе прифати само „праведен и сеопфатен“ договор со САД
-

Мицкоски: Годинава нема избори, таа е реформска и година на консолидација
-

ВМРО-ДПМНЕ: За СДСМ нема црвени линии
