Бизнис
18. јуни 2020 - 19:35

Туристичките агенции бараат помош, ако не најавуваат протести

Туристичките агенции на протест ако државата не им помогне. Бараат да продолжи субвенционирањето на минималната плата, ослободување од давачките кон државата, неповратна финансиска помош од 500 евра. Целосно отворање на границите и промена на протоколите за влез во земјава - да нема задолжителен тест и изолација затоа што со овие правила дејноста ќе продолжи да тоне во загуби. Забелешки имаат и за протоколот за автобуси кој наложува продажба на максимум 50 отсто од седиштата. Барањата и забелешките ги доставиле до Министерството за финансии и економија. Но одговор не добиле. Од пред Министерството за економија најавија протести ако не им се помогне.

За Министерство за економија денешниот собир туристичките агенции пред Министерството е нејасен. Велат дека дел од нивните барања веќе се спроведуваат, а дел се аналзиираат.

Поддршката на Туристичките агенции е веќе проектирана во Мерките на Министерството за економија и истата е предвидена да изнесува повеќе од тоа што сега го бараат агенциите кои протестираат. Што се однесува до мерките за намалување на ДДВ и сл, како Министерство за економија се праваат анализи и во соработка со стопанските комори веќе имаме предлози за одредени аранжмани кои треба да се ослободат од ДДВ.
Сметаме дека се работи за некординација или недоволно информирани агенции за активностите кои се преземаат во кординација со стопанските комори, се вели во дописот од Министерството.

И туристичките водичи  апелираат  до Владата да им помогне затоа што досега  ие не биле вклучени во ниту една мерка.

Најголем дел од туристичките агенции се семејни бизниси. До сега успеале да ги задржат вработените, но ако не добијат помош ќе мора да отпуштаат. Македонија веќе два дена е со отворени граници, но за влез е потребен негативен тест не постар од 72 часа и задолжителна самоизолација од 14 дена.